Sonar Festival 2016: Што не смее да се пропушти на овогодинешното издание

Дваесет и третото издание на Sonar во Барселона ќе се случи на 16, 17 и 18 јуни 2016, во Фира Монжуик преку ден и Фира Гран Виа преку ноќ.

Комплетната музичка програма на фестивалот се состои од повеќе од 150 настапи, меѓу кои и концерти и сетови на Џејмс Блејк, New Order, Santigold, Fatboy Slim, седумчасовен сет на Four Tet, Jackmaster, Лорен Гарниер и Скепта, меѓу останатите.

Sonar by Day

Дневните концерти на Сонар вклучувааат многу таленти, од современи локални артисти до светски премиери на интернационално познати уметници.

Sonar by day ќе биде местото каде ќе се случува огромна забава со глобален ритам, а свои сетови ќе имаат легендарниот њујоршки диџеј Kenny Dope (половина од митското дуо Masters at Work), диџеј The Black Madonna, Section Boyz, главните актери на современиот лондонски звук денес, а џангл музиката ќе се судри со денсхол и реге во рацете на Congo Natty, во придружба на неколку вокалисти.

Најновите трендови во британската бејс музика и урбаните ритми ќе бидат претставени со Kode9 аудиовизуелното шоу, создадено од уметникот и сценски дизајнер Лоренс Лек, енергичното шоу на Skepta, најсветлата ѕвезда на лондонската грајм сцена, и соработката меѓу King Midas Sound и Fennesz, кои ќе настапат во живо со нивниот експериментален амбиентален даб од заедничкиот албум, Edition 1.

Sonar + D

Освен настапите преку ден, на Сонар има и креативно катче со инсталации и дискусии, во тек на три дена. Од најновите технолошки откритија до бизнис совети од експерти од индустријата, може да биде тешко да изберете каде да одите попрво.

На 16, 17 и 18 јуни, Sonar + D 2016, Интернационалниот конгрес на дигитална култура и креативни технологии, ќе се случи паралелно со Sonar by Day, а на него ќе учествуваат повеќе од 50 говорници, стотици изложбени компании и 4500 професионалци од целиот свет.

Sonar by Night

Гигантите на клубскиот свет се дел од ноќниот распоред на овогодинешиот фестивал. Меѓу нив се Ben UFO со Хелена Хауф, Кери Чендлер, Бен Клок, Hot Shotz, Dj EZ, Соичи Терада и Bicep.

Ексклузивно на Sonar годинава ќе најстапи Ричард Хоутин, кој ќе претстави сосема ново шоу, претставувајќи ја својата визија за соединување на музичката уметност и технологијата.

Новост годинава е што метрото во Барселона ќе има станици и на Sonar by Night. Новата линија 9, која го поврзува градскиот центар со аеродромот, застанува кај Фира, овозможувајќи им на посетителите на фестивалот да патуваат на друг начин до и од Сонар. Повеќе информации за превозот може да најдете овде.

Извор: Mirror