Сомалија е најлошото место за мајките

Според последниот годишен извештај на британската хуманитарна организација „Спасете ги децата“, Сомалија е најлошата држава во светот каде една жена може да стане мајка.

Сомалија е најлошото место за мајките

Извештајот опфатил 178 држави, а како притоа анализирани биле повеќе индикатори како здравствената состојба на жените, степенот на образование, но и здравствената состојба на децата и достапноста до храна. Ова е 15-ти по ред извештај на „Спасете ги децата“ во кој од првото објавување па досега 28 земји ги заземаат последните десет позиции, а само четири од нив во последно време не биле арена на вооружени судири.

На последните десет места сите држави се во Африка. Сомалија, која од 1991 година е зафатена од граѓанска војна е на последното место, а пред неа се Демократска Република Конго, која лани беше последна, Нигер и Мали.

Спасете ги децата“ изразува особена загриженост за ситуацијата во Сирија, која е на 115. место и каде како последица на граѓанската војна ја напуштиле 1,4 милиони деца и 690 илјади жени.

Најдобра држава за да се биде мајка е Финска, а по неа следуваат Норвешка, Шведска, Исланд, Холандија, Данска и Шпанија, додека САД паднаа на 31 место.