СОКОМ утре организира drive-in концерт со биг бендот на Здружението на џез музичари

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ утре (14 септември, понеделник) од 20 часот на паркиралиштето во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ го организира првиот drive-in концерт во Македонија со биг бендот на Здружението на џез музичари.

Концертот ќе биде под диригентската палка на Владимир Николов, во склоп на 43. Денови на македонска музика – 2020 година.

Од СОКОМ потенцираат дека настанот се организира според сите здравствени протоколи за заштита од Ковид-19.

„Влезот е бесплатен, поради протоколите и ограниченоста на капацитетите, резервациите се задолжителни.  За оние, кои не би доаѓале со автомобил, ќе има места- столици, но и тие се во ограничен број. Организацијата на распоредот на автомобили дозволува слобода на влез и излез од паркиралиштето, според потребите“, информираат од COKOM.

На програмата се џез композиции од Г. Стевковски, Ж. Глишиќ, И. Петровски, И. Пејовски, Т. Китановски, В. Николов, Г. Спасовски, Т. Велков, В. Ботев, А. Пејовски.