Собир на Средношколскиот пленум во Паркот на новинари на 1 септември

Средношколскиот пленум најави собир во Паркот на новинари во Скопје на 1 септември, за „да ја извојува битката која ја започна претходната учебна година“. На собирот, со мото „Образование без компромис“, кој ќе почне во 18:00 часот, ќе се одржат алтернативни предавања, панел дискусија и уште многу други активности, а говорниците и агендата ќе бидат објавени наскоро.

„Се надеваме дека Министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува. Да им покажеме дека сме посериозни, посложни и похрабри од било кога!“ , се вели во најавата на настанот.