Со вкусна храна средношколци од Велес покажаа хуманост

Велешки средношколци ја покажаа својата хуманост преку акција на делење бели пеци и слатки изработени во нивната работилница.

Акцијата се одржа во средното училиште „Димитрија Чуповски“, а ја реализираа младите од Средношколската заедница како дел од проектот „Организирање, информирање и заштита на правата на седношколците во Македонија“ во партнерство со Младинскиот образовен форум.
Преку овој настан средношколците ги промовираа нивните хумани вредности. Вкусните производи изработени од рацете на средношколците беа наменети за нивните сооученици, професори, родители кои преку донирање на симболични средства ќе бидат наменети онаму каде што се најпотребни.
Хуманата акција ќе трае до 19 часот, а во меѓувреме пекарскиот смер продолжува со изработката на своите намирници.
 Самиот настан произлезе од тренинзите со претседателите на класовите од средношколската заедница во текот на изминатата година. Проектот се спроведува во 8 градови(Скопје, Велес, Тетово, Неготино, Струга, Битола, Гостивар и Кичево), а ова е трета година на успешната соработка помеѓу МОФ и  ОСУ „Димитрија Чуповски“ од Велес.