Со премиера на филмот „ЕЈ!“ и концерт на „Шкртице“ се затвора Синедејс

Со гала премиера на македонскиот филм „ЕЈ!“ и концерт на белградската група „Шкртице“ се затвора 17. Фестивал на европски филм „Синедејс“.

Премиерата на филмот „ЕЈ!“, на режисерот Васил Христов е најавена во 20 часот, во Кино Милениум, додека концертот на белградската „супер-група“ Шкртице почнува во 23 часот, во Младинскиот културен центар. По нив, во бифе МКЦ музика ќе пушта словенечкиот DJ Yanoosh aka Ohm Fat.

Во рамки на Синедејс, публиката утре во Кино Фросина, во 11 часот, ќе може да го погледне филмот „Тегла полна живот“ на Флориан Рос , како дел од детската програма. Во 13 часот пак е најавена репризата на „Ловци на вештерки“ во режија на Рашко Милковиќ.

Како дел од придружната програма на Синедејс, утре ќе се одржува работилница за филмска критика за средношколци.