Осветлување на Владата на РМ во портокалова боја, дебати и работилници низ цела Македонија, ќе бидат дел од активностите по повод 25 Ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и кампањата „16 дена активизам”.
„Слушни ме и мене“’ е годинашното мото на Меѓународниот ден, а кампањата која се одржува во светски рамки почнува денеска и ќе трае до 10 декември.
Според Обединетите нации, една од три жени во светот е жртва на насилство. Поради тоа, целта е да се поттикне свесноста на заедницата и индивидуалниот придонес во борбата против насилството врз жените и девојките.
Портокаловата боја на кампањата ја симболизира светлата иднина без насилство врз жените.