Скулптури од животни кои личат на скици направени со молив

Уметникот David Oliveira кој работи со жица на неконвенционален начин, ја воодушеви јавноста со неговите скулптури кои личат на дводимензионални скици направени со обичен молив.

И покрај тоа што работата со жица, и нејзиното виткање во препознатливи форми е тежок процес, Oliveira успева да создаде интересна серија од животински форми кои ги работи од 2014 година.

Погледната од еден агол, скулптурата може да има хаотичен облик, но од вистинската перспектива се забележуваат очите на лавот или пак големите крила и клун на пеликанот креиран од уметникот.

Со седиште во Лисабон, уметникот исто така работи на огромни внатрешни инсталации од птици и внимателно обмислени креации кои имаат човечки облик.