„Синедејс“ вечерва: „Од никаде“,„Пикова дама“ и документарецот за Oasis

На програмата на „Синедејс“ вечерва ќе бидат претставени најновиот филм на Фатих Акин, „Од никаде“, „Пикова дама“ на Лунгин, како и музички документарец за групата Oasis. Во продолжение, погледнете што денеска може да се погледне на фестивалот:

Кино Милениум

20 часот „Од никаде“

Во најновиот филм на познатата режисерка Фатих Акин третира суптилна тема која е поврзана со последици од терористички напади. Од никаде, животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да ѝ ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да го преживее погребот. Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја, отворајќи рани и сомневања. Данило, адвокат и најдобар пријател на Нури, ја застапува Катја во судењето против двајцата осомничени: млад пар неонацисти. Судењето сосема ја полудува Катја, но за неа едноставно не постои друг избор: таа сака правда.

22 часот „Пикова дама“

На времето, славната сопранистка Софија Мајер го освоила светот со својот глас, убавината и легендата што внимателно ја изградила околу себе. Сега останала само легендата – оперската дива нема настапувано со години, ниту пак е видена во гламурозните кругови на општеството во некое некогаш доминирала. Но жената, која толку долго време го маѓепсувала и воодушевувала светот би сакала да ја круниса својата кариера со уште еден последен триумф. И ќе го искористи секој валкан трик што го знае за да ја постигне својата цел.

Кино Фросина

19 часот “Непожелен“

Тинејџерот Албан живее во Амстердам со неговата мајка Жана, која побегнала од Косово за време на војната на Балканот. Кога тој започнува врска со чувствителната Ана, ниту еден од нив не е свесен дека на виделина ќе излезат сите нерешени неправди од минатото. Ова проникливо и зрело филмско деби на косовскиот режисер Едон Ризваноли нѐ потсетува колку може да бидат тешки простувањето и помирувањето. Тој се натпреварува во категоријата Сине Балкан.

21 часот „Надвор“

Филмот „Надвор“ е во трка за награда во официјалната селекција.Тој е приказна за  Агостон, средовечен инженер, кој откако ќе ја загуби работата во електраната, тргнува да талка низ Источна Европа со очајна надеж да најде работа како рибар. Како што патувањето го носи сѐ подлабоко и подлабоко во бизарни случки, по пат запознавајќи пријателски, но и непријателски настроени луѓе, сите негови надежи и соништа полека почнуваат да се рушат.

Џебно кино

20 часот „Суперсоник“

Овој суштински и забавен поглед кон метеорскиот продор на големите Oasis доаѓа од продуцентите на Amy, добитници на Оскар. Филмот нè нурнува во бучниот, брз, рокерски свет исполнет со електро-ера, диво развратништво и легендарната братска нетрпеливост, прикажувајќи необјавени концертни снимки со искрени интервјуа и вчудоневидувачки присутното братско соперништво што претставуваше закана за иднината на бендот.

22.00 часот „Честа на крадецот“

Кога уличната дилерка на дрога Мина не може да си ја плати киријата, решава да измами неколку млади криминалци за една зделка и ги задржува парите. Случајно ја запознава Катја, мајка на дете што го зеле социјалните служби. Мина оди со Катја во едно нелегално живеалиште надвор од градот, каде што група луѓе се обидуваат да ги решат сопствените услови за живеење. Филмот е напната модерна социјална драма за борбата на една жена да преживее на дното на општеството.

МКЦ 22.30 часот

Jaga Jazzist

Jaga Jazzist (познати и како Jaga) е експериментален џез-бенд од Норвешка којшто станува познат кога Би-би-си го прогласуваат A Livingroom Hush (Smalltown Supersound/NinjaTune) за најдобар џез албум за 2002 година.

Стануваат еден вид музички феномен во Норвешка за 20 години откако постојат. Џез, техно и прогресив рок, зачинето со мигови на филигранска прецизност, но доволно интензивно да ја размрда публиката.