Шведски читателски клуб секој вторник во Магор

Со цел да ја поддржи читателската култура и да ја доближи шведската литература, Амбасадата на Шведска го организира Шведскиот читателски клуб „#ЧитајСлушајЗборувајКниги“ во соработка со кафе-книжарницата Магор.

Секој вторник, почнувајќи од трети март, со почеток од 18.30-20 часот ќе се чита „Ледената прицеза“ на Камила Лекберг, по што ќе следи дискусија.

Лекберг се смета за една од најуспешните шведски крими писателки. Таа дебитира на книжевната сцена токму со овој роман.

Во разговорите што ќе следат по читањето ќе учествуват гости – професори, писатели и други видни имиња од македонската литературна сцена, а ќе гостува и шведскиот крими писател Андреас Норман. На крајот од циклусот читања, во рамките на Саемот на книга ќе се одржи и изложбата „Swedish Crime Scenes“.

Шведскиот читателски клуб е поддржан од Македонскиот ПЕН центар.