Шпански суд го додели првото државјанство на дете мигрант

Шпанскиот суд за прв пат одобри државјанство на дете мигрант што се родило додека мајка му се обидувала да дојде во Европа, пренесува Еуроњуз.

Малото девојче пристигна на брод со мигранти во јужниот шпански град Тарифа во Мај 2018. Девојчето е родено во Мароко кратко пред да пристигне во Шпанија и оттогаш со мајка и’ живеат таму. Мајката на девојчето имала можност да ги регулира своите документи, но ќерка и’ останала без пасош и и’ бил забранет пристап до шпанската здравствена заштита и образование.

Вообичаено, шпанско државјанство може да се добие преку партнер или ако некој живее во земјата повеќе од 10 години.

Но, судот на северната провинција Гуипускоа соопшти дека државјанството на девојчето го дава за нејзините најдобри интереси.

„Ако го оставиме девојчето без документи тоа би ја ставило во ситуација на нееднаквост во однос на другите деца. Тоа би претставувало негирање на нејзините основни права, вклучително и правото на образование“, се вели во одлуката на судот.

Оваа пресуда ја потврдува претходната одлука на судот во 2021 година што беше оспорена од страна на шанската влада. Дури и сега Врховниот суд на Шпанија може да ја поништи одлуката да се додели државјанство на девојчето.