„Школка во звук“ – настап на алтернативни бендови во Градски парк

„Школка во звук” е насловен целовечерниот настан кој ќе се одржи идната недела, на 13 септември во Градскиот парк во Скопје. На него ќе настапат повеќе бендови од македонската алтернативна сцена.

Градскиот парк, според најавите на организаторите, ќе биде исполнет со преработки, како и авторска музика на овие бендови.

На „Школка во звук“ ќе настапат Nate & Sons,  Змајови, Decibell, Cosmic Frequencies, Канта, The Dunwich Horror, Hills of Eternity и String Road.

Почетокот е најавен во 20:00 часот.