Шестгодишно девојче создаде боенка која ги учи другите деца на нејзината домородна култура

Ванае Џејмс-Беј, шестгодишно девојче од карипски остров, заедно со својата мајка ја создала книгата The Indigenous Adventures of Princess Vanae (Домородните авантури на Принцезата Ванае). Се работи за боенка од 20 страни, која ги учи децата на возраст од 5-13 години за домородните црнечки култури низ светот. Книгата е во продажба од 31 март, а во изминатиот месец се продавала во голема количина.

Боенката содржи илустрирана верзија од Ванае како принцеза, која патува низ светот за да научи повеќе за домородните култури во Африка, Јужна и Северна Америка.

Ванае живее во Сент Томас, на остров на Карибите, а учи дома. Била инспирирана да ја создаде книгата откако забележала дека традиционалните боенки немаат ликови како неа и не ги претставуваат нејзините корени.

„Со оглед на тоа што учи дома, се трудиме да се држиме до училишен материјал кој повеќе се концентрира на афро-културата. Забележавме колку е тешко да се најдат одредени материјали за лекции и помисливме колку многу други родители и ученици сигурно го чувствуваат истото“, вели нејзината мајка, Вероника Беј.

 

„Имаме пријатели чии деца одат во јавните училишта и учат дека Домородните Американци изумреле, или учат само за ропството кога станува збор за црнечката историја“, додава таа. „Не сакам тоа да биде воведот на моите деца во нивната историја“.

Додека учела за домородните култури за да ги пополни тие празнини во своето образование, Ванае барала од нејизниот вујко, Џонатан Елерби, да ја црта неа како носи традиционална домородна облека и накит.

Боенката е производ на соработката меѓу Ванае, нејзината мајка и нејзиниот чичко, кои заедно ја раскажале приказната за принцезата која страсно сака да ја зачува и изучува културата на разните домородни племиња. Семејството соработувало со уметникот Јохан Имис, кој ги финализирал сликите и им дал „подигитален“ изглед.

Can you name this tribe/culture? Hint: it’s from America. #indigenouskids #princessvanae #aboriginalexcellence

A post shared by Princess Vanae (@princess_vanae) on

„Во моето семејство, нашата култура и историја се многу важни“, пишува во цитат на Ванае на веб страницата на боенката. „Мислам дека е забавно да се споделува знаење за некои од најстарите луѓе на Земјата“.

Семејството вели дека ќе создадат уште книги, со надеж дека ќе ги застапат сите племиња од сите страни на светот.