Шестгодишно девојче се откажа од роденденската забава за да нахрани сиромашни

Девојче во Чикаго имало желба да ги нахрани сиромашните, наместо да има роденденска забава.

Армани Круз, која наполни 6 години, веќе неколку месеци ги моли своите родители да ги нахрани бездомниците во нејзината населба, но тие мислеле дека се шегува, раскажа нејзината мајка Артеша Круз.

„Реков во ред, ќе направиме неколку сендвичи“, на што Армани одговорила „Не, јас ги сакам истите работи што ги има за мојата роденденска забава“, вели нејзината мајка.

Армани била решителна да го направи ова, иако нејзиниот татко рекол дека ова би значело дека таа нема да добие подарок.

Па така, семејството од Чикаго потрошило 300 долари на храна што им ја донирале на бездомните луѓе во паркот во населбата. Тие приготвиле пилешко, риба, шпагети, пченка, грав, компири, торта, колачиња, овошје и вода.

Откако се дознало за планот на Армани, членови на Градското Собрание донирале уште неколку работи како четка и паста за заби, дезодоранс, средство за дезинфекција на раце и ужинка.

Роденденската забава на Армани заврши успешно, нејзиното семејство нахрани 125 луѓе.

„Беше убаво да се биде добар“, рече девојчето.

Нејзината мајка додаде: „Таа беше возбудена, беше среќна. Сите беа нахранети… еден од господата рече дека немал топол оброк веќе подолго време“.

Сега, шестгодишното девојче сака да организира уште еден ваков оброк за бездомниците. Нејзината мајка изјави дека планираат да се вратат во истиот парк во следните неколку недели.