Шест награди за краткиот филм „Збогум“ на Државниот натпревар на аматерски филм

Краткиот филм „Збогум“ во режија на Пеце Здравковски ја освои главната награда на 46-тиот државен натпревар за аматерски филм. Овој филм ги освои и наградите за најдобра режија, сценарио, музика, монтажа и камера. Наградите за камера и музика, пак, ги освои Ѓорги Вацев.

Бронзена плакета доби едноминутниот филм „Сон“ на Александар Арсовски од Филмската Академија во Штип, Златна плакета доби експерименталниот филм „58“ на Драги Неделчевски, Бронзена плакета беше доделена на документарниот филм на Ема Лазарова од КВК „Студио Милтон Манаки“ – за филмот „Рајчица“, Сребрена плакета освои документарниот филм „Ах!“ на младиот Горан Попоски од Фото Кино Клуб Прилеп, Бронзена плакета зеде и краток игран филм „Време за избор“ на Кристина Даниловска од Скопје, Сребрена плакета за краток игран филм освои Давид Дољаница од ЕФТА за филмот „Плави теретни воз“ и Златна плакета за краток игран филм доби тетовчанката Ана Андонова за филмот „Секунда.. до вечноста“.

Годинашното 46. издание на Државниот фестивал на непрофесионален филм се одржа на 26 мај во Охрид, во организација на Кино Сојуз на Македонија, а финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Стручното жири за наградите беше во состав: Драган Вељановски – претседател, Илинденка Петрушева – член, Блаже Дулев – член.