Шеснаесетто издание на „Зимски Салон“ во петок

Шеснаесетото издание на меѓународната манифестација „Зимски Салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе биде отворено во петок на 5 февруари во Националната галерија, објект „Чифте Амам“.

На овогодинешното издание, бројот на пријавени дела изнесува преку 70, од кои вкупно 47 дела ќе влезат во главната селекција и ќе бидат прикажани на изложбата.

Со свои дела, покрај домашните автори, ќе учествуваат и гости-автори од Чешка, Словачка, Србија, Хрватска и многу други земји.

 Ликовната манифестацијата, основана во 1991 година, е единствена од овој вид во Македонија.

На овогодинешниот „Зимски Салон“, со кој започнува прославата на 70-годишниот јубилеј на ДЛУМ, селектор е Хелена Фенцлова од Чешка, која од пријавените дела ќе одлучи кој автор ќе ја понесе наградата „Гранд При“, овозможена од страна на Министерството за култура на Република Македонија.

Фенцлова, инспирирана од географските карактеристики на Македонија, како и од разноликоста на индивидуалните интелектуални дејствија како тема за овогодинешното издание на изложбата ја одбра „Нивоа на нашата свест“.