Француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ во новиот број објави уште една контроверзна карикатура со која преку ураганот „Харви“, кој се уште нанесува огромни штети во американската држава Тексас, даваат коментар за расната омраза и насилство во САД, актуелизирано од неодамнешните насилни случувања во Шарлотсвил.
На насловната страница, објавена на Фејсбук, се забележуваат знамиња на Третиот Рајх потопени во вода, додека од водата излегуваат раце во карактеристичниот нацистичкиот поздрав.
Карикатурата е проследена со текст: „Бог постои! Тој ги потопи сите нео-нацисти во Тексас“.
Сатиричното списание, кое беше цел на терористички напад пред две години, е познато по голем број провокативни и скандалозни карикатури, кои опфаќаат многу чувствителни теми актуелни во јавноста.