Шангајската листа ќе носи поени при вработување

Освен успехот што го постигнале за време на студирањето, за вработување на идните административци ќе влијае и Универзитетот каде тие дипломирале, објави весникот Вест.

Шангајската листа ќе носи поени при вработување

Според новиот закон за административни службеници што се наоѓа во собраниска процедура предвидува, при вработувањето ќе биде земено во предвид и рангирањето на Универзитетите во Македонија на Шангајската листа. Повеќе поени ќе носат универзитетите што се повисоко рангирани од оние што се пониско, пишува Вест.

Новиот услов за собирање на поени за вработување на идните административци ќе почне да се применува одложено, односно по истекот на една година од денот на почнување со примена на законот за административни службеници.

Лани за првпат македонските универзитети беа рангирани на Шангајската листа. На првите пет места на оваа листа се најдоа Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Универзитетот на ЈИЕ – Тетово, Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип, Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола и Универзитетот за информатички технологии и науки “Св. Апостол Павле” од Охрид.