Сеул забрани брзи песни во теретани за да ограничи ширење на Ковид-19

Во спортските сали низ главниот град на Јужна Кореја, Сеул и оние во околината нема да пуштаат музика со темпо повисоко од 120 битови во минута, со цел да се ограничи ширењето на Ковид-19“, пишува BBC.

Лентите за трчање ќе бидат ограничени на максимум 6 км на час.

Здравствените власти велат дека ограничувањата ќе ги спречат луѓето да дишат премногу брзо или да пренесуваат пот едни на други.

Јужна Кореја се бори со нова епидемија на вирусот, со 1.100 нови случаи забележани во неделата.

Премиерот Ким Бу-кјум во петокот предупреди дека земјата го достигнала „максималното ниво на криза“.

Оние што посетуваат часови за вежбање како што се Зумба, или аеробик во пошироката област на Сеул, од понеделник ќе се соочат со ограничувањето од 120 битови во минута.

На луѓето исто така им е дозволено да поминуваат само два часа во исто време во затворени спортски објекти и не смеат да користат туш.

Сите спортски објекти мора да се затворат до 22:00 часот.

Сепак, овој потег ги подразмисли сопствениците на спортски сали.

Канг Хјун-ку, кој поседува теретана во Сеул, се сомнева дали има доказ дека изборот помеѓу класична музика и БТС има влијание врз ширењето на вирусот.

Тој исто така за Ројтерс изјави дека многу луѓе користеле свои слушалки, прашувајќи: „Како ги контролирате нивните плејлисти?“

Но, властите велат дека мерките помагаат да се спречи целосно затворање на спортските сали.