Серија концерти и работилници во рамки на „Денови на швајцарската музика 2015“

„Денови на швајцарската музика 2015“ е второто издание на фестивалот посветен на современата истражувачка и иновативна музика, која поттикнува размена меѓу уметници од Швајцарија, земјите од поранешна Југославија и Албанија. Во текот на фестивалот, серија на концерти и работилници ќе бидат презентирани, а кои се движат од џез до авангарда, вклучувајќи и многу премиери, од сите регионот на југоисточниот регион, од Љубљана до Тирана.

На фестивалот е предвиден настапот на дуото Tomažin/Kocher, односно дуото составено од Irena Tomažin, вокалистка по потекло од Словенија и Jonas Kocher од Швајцарија, кој ќе свири на хармоника. Тие претставуваат водечки фигури на нивните домашни експериментални музички сцени и ветуваат уникатна мешавина на импровизирана музика.

Во рамки на фестивалот, предвидени е настапот и на Luka Ivanović aka Lukatoyboy, уметник и музичар роден во Белград, а живее во Берлин. Тој е активен со електроакустичната композиција и џез музиката.

Eventless Plot пак, е трио од Солун, Грција. Тие позајмуваат елементи и естетика од различни жанрови за да изградат сопствен хибрид на звук. Активни се од 2002 година и учествувале на бројни фестивали.

Преку експериментирање со различни звуци на гитара, синтисајзер и теренски снимки, македонскиот продуцент Мартин Георгиевски, познат како Amplidyne Effect создава амбиентална, експериментална и електронска музика. Главни теми на проектот се природата и патувањето во вселената. Amplidyne Effect е активен од 2009 година и има соработувано со домашни музичари, но и со музичари од Аргентина и САД.