Секоја година на границата меѓу САД и Мексико се игра одбојка

Границата меѓу САД и Мексико претставува симбол на илјадници смртни случаи на мигранти секоја година, кордон полиција, но и најсубверзивната игра на одбојка во светот.

Одбојката на границата првпат почнала да се игра во рамки на мексиканска прослава во 1979 година, пред да биде повторно обновена во 2006 година. Целта е да се испрати голема политичка порака, алармирајќи да се намалат несреќите при легален или нелегален премин на границата.

„За нас, тоа претставува прослава на унијата на двете земји“, изјави Жозе Лоренцо Виљегас, градоначалник на Нако, во Мексико, за минатогодишното издание.

Ова можеби претставува единствената ваква игра каде различни нации играат на домашен терен, смета Виљегас. Меѓутоа, тој потврдува дека играта не е легална.

Оттогаш, оваа прослава се стекна со слава и премина во годишна традиција, а веќе слични игри се одвиваат и на границата меѓу Тихуана во Мексико и Сан Диего во Калифорнија.

Меѓутоа тешко е да се игра со поставената ограда, со оглед на тоа дека е многу висока, па често играчите знаат да се здобијат со модринки на рацете и зглобовите.