Секој трет дипломец во САД би продал орган за да го отплати студентскиот долг

Од продавање органи, до заработка како заморчиња за тестирање лекови, американските дипломци се подготвени да работат речиси што било за да ги отплатат своите студентски долгови. Во анкета на веб-страницата за лични финансии MyBankTracker, 200 корисници на сајтот биле прашани за тоа какви чекори би презеле за да се ослободат од долговите од студентските заеми.

Просечниот долг изнесувал 34.500 долари, а мини-истражувањето покажало дека долговите ги прават многу од свежо дипломираните студенти очајни. 30 проценти од испитаниците одговориле дека дури и би продале еден од своите органи, доколку тоа значи дека целосно ќе бидат ослободени од долгот. Нешто повеќе, 32 проценти, рекле дека се подготвени да се пријават во војска, а 38 проценти би се пријавиле како доброволци за тестирање на лекови.

Уште поголем бил бројот на испитаници кои рекле дека би се откажале од половина од се што поседуваат за да бидат без долгови, додека 55 проценти изјавиле дека се подготвени да го истрпат понижувањето и да го претворат својот живот во реално шоу, за да го отплатат долгот.

Студентските долгови се многу значаен проблем во САД, каде тие станаа и тема во претседателската кампања. Ова не е тема само во САД – студентите во Велика Британија се соочуваат со уште поголеми долгови отколку нивните американски колеги.

Секој трет дипломец во САД би продал орган за да го отплати студентскиот долг