Седумнаесеттото издание на „Таксират“ со богата музичка програма

Започна седумнаесеттото издание на музичкиот фестивар „Таксират“ со првиот настан од придружната програма, ПИН музичка конференција која се одржува денес и утре во МКЦ во Скопје. Фестивалот ќе трае до 7 септември, а настаните ќе се случуваат во Младинскиот културен центар, Метрополис Арената и во Домот на АРМ.

Целата програма на фестивалот се состои од вкупно девет настани, со современа музика како: концерт на „Рундек Карго Трио“, на 30 ноември во МКЦ, потоа прослава на 20 годишнината од формирањето на „PMG Kolektiv“ на четврти декември и самостојниот концерт на светската атракција „2CELLOS“ во Метрополис Арена.

Главната вечер на „Таксират“ ќе се одржи на седми декември во Метрополис Арена. Програмата за оваа вечер е комплетирана и на неа повторно ќе се претстават „2CELLOS“, како и музичката авангардна група „Laibach“, шведската power/heavy метал атракција „Sabaton“, каталонците „ La Pegatina“, култниот хип хоп состав С.А.Ф. и Тони Китановски Little Big Band, и диџеј составот на лондонскиот дабстеп феномен „Modestep“.

На ПИН конференцијата учествуваат над 300 гости и музичари од Европа, регионот и Македонија. На неа денеска и утре ќе се зборува на актуелни теми од светот на музичката индустрија, а за вечерва се најавени неколку концертни настапи.