Седиштето на Цивил мета на вандализам

Седиштето на Цивил е мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки, соопштија од оваа организација.

Појаснуваат дека непознати сторители го турнале панелот во дворчето зад седиштето на организацијата, а врз него била ставена лопата. Пред вратат биле истурени отпадоци, а натписот со логото на организацијата и натписот „Слободна зона“ се скинати, додека на вратата, со остар предмет е изгравиран зборот „Nazi“ (нацист).

„Ова не е првпат ЦИВИЛ да биде мета. Освен што организацијата и нејзините претставнички и претставници се постојано под напад од националисти и радикали, па и од високи функционери на одредени политички партии и политички структури. Веднаш по 27-априлските настани во 2017 година, седиштето беше ограбено, кога беа украдени лаптопи и електронската архива на организацијата. Случајот никогаш не е решен. Во 2018 година, на паното на ЦИВИЛ беа испишани вулгарни зборови и симболи“, потсетуваат од организацијата.

И последниот случајот, додаваат од Цивил, веднаш е пријавен во полиција.