#СедиДома и освој 100 евра – Град Скопје со наградна игра на социјалните мрежи ќе ги мотивира граѓаните да не излегуваат

Град Скопје на социјалните мрежи започна наградна игра за најдобра фотографија на тема #СкопјеДома. Секој ден ќе се избира најкреативниот, кој ќе добие 100 евра.

Идејата на играта, велат од Град Скопје, е да се мотивираат граѓаните да не излегуваат без потреба од својот дом и со тоа да се спречи дополнително ширење на Ковид-19 коронавирусот.

„Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците со хаштаг#СкопјеДома, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра“, стои во повикот.