#СедиДома и #ИграјДота – турнир во „Dota 2“ овој викенд  

„Време е да ја победиме досадата заедно по пат на игра, да поминеме убаво заедно уживајќи во ‘Dota 2’. Не само што би ја победиле досадата туку исто така и лошата ситуација што се случува преку тоа што секој од нас ќе #СедиДома“.

Вака OneUp.mk, GG.MK и Dota 2 Macedonia community најавуваат свежа доза забава во форма на турнир на популарната игра „Dота 2“, кој ќе се случи на викендов на 28 и 29 март.

„Да се приклучиме сите во сабота во 18:30 часто на стрим и да гледаме нашка Dota“, велат организаторите на турнирот.

За да има поголема забава на самиот турнир, се одлучиле за „Captain’s Draft“ мод и задачи кои што ќе започнат во полуфиналето.

„Доколку една екипа успее да ја заврши партијата под 22 минути следната партија ја добива по ‘default’, додека втората задача ќе биде одреден херој да убие друг херој 3 пати во текот на играта и обратно веднаш ја победува партијата“, соопштуваат организаторите.

Посочуваат дека ќе има 27 херои на случаен избор, секој капетан има 180 секунди вкупно. Почеток на одбирање е на случаен избор.

Во сабота се играат А и Б групите, сочинети по четири тимови. Секоја победа носи по 1 поен. Првиот тим од група А игра со вториот од група Б и обратно, што значи првите два тима од секоја група ќе продолжат кон полуфиналето и финалето, кое се игра наредниот ден – 29 март.

Линк до стримот : https://www.twitch.tv/ggtvmk