Се формираше здружението за самохрани мајки „Една може!“

Една може!“ е здружение на еднородителски семејни заедници кое се формираше на 4 мај, после повеќе од една година дејствување како неформално грас рут движење.

Здружението „Една може!“ – One can!, е доброволно, непрофитно, невладино, и непартиско здружение на граѓанки, самоиницијативно формирано со слободно здружување заради остварување на севкупна општествена грижа и третман на еднородителските семејни заедници и остварување на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права.

„Различните аспекти на семејствување се актуелни и кај нас и низ светот а наша таргет група е еднородителскиот семеен живот. Препознавајќи ги структуралните и институционални недостатоци и ограничености, ние, самохраните мајки од земјава решивме да се обединиме и да се изборуваме за нашите потреби преку зајакнување на капацитетите за одржливост на нашите семејства детектирајќи ги клучните проблеми кои не заегаат сите нас, спроведувајќи истражувања и компаративни анализи со цел пофункционално секојдневие и унапредувајќи ги правата и индивидуални и групни. Ќе изнаоѓаме правни советни рамки за институционална вклученост, за воведување на специфични законски правни, социјални, работодавни, здравствени, образовни и социјални рамки согласно потребите на еднородителските семејни заедници“, велат од Здружението.

„Ние, самохраните мајкишта имаме право да се слушне нашиот глас, и сакаме да споделиме со светот како се фаќаме во костец со секојдневието. Сакаме да раскажеме како ни е, како живееме, со што се соочуваме, да детектираме каде ни се клучните проблеми и да се соочуваме со истите, да прилагодуваме и менуваме потреби, законски рамки, културни недостатоци, предрасуди, догми, заедно со институциите и општествово и секако со друштвената заедница“, додаваат тие.