Се бараат статисти за филмот на Шербеџија „Ослободување на Скопје“

За потребите на снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на познатиот актер Раде Шербеџија, кој ќе започне со снимање на 31 октомври на повеќе локации низ Македонија, ќе се одржат отворени аудиции за статисти од сите возрасти.

Се бараат статисти за филмот на Шербеџија „Ослободување на Скопје“

Аудициите ќе се одржат по следниов редослед:

Скопје- 16 и 17 октомври од 12:00-20:00 часот во просториите на МКЦ

Велес- 18 октомври од 12:00-20:00 часот во просториите на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ВЕЛЕС( стар театар)

Битола- 19 октомври од 12:00-20:00 часот во просториите на Домот на културата- Битола

Филмот се снима според драмскиот текст на Душан Јовановиќ, на македонски јазик, а предвидени се снимања до крајот на ноември во Битола и во околината на Велес. Шербеџија, покрај тоа што ќе режира, и ќе глуми во „Ослободување на Скопје“, а партнерка ќе му биде Силвија Стојановска. Според најавите, во филмот ќе бидат вклучени голем број филмски работници, млади и актери од повозрасната генерација. Сценограф ќе биде Иван Бартлинг, а директор на фотографија ќе биде Дејан Димевски. Музиката е на Влатко Стефановски.