СамоПрашај: Трнодол е на чекор да стане ново Дебар Маало

Ако секоја барака во Трнодол стане зграда, брдото тоа нема да го издржи – велат жителите на оваа населба, откако локалната власт во Карпош им предложи нов Детален урбанистички план. Во него се предлага зголемување на катноста на сите објекти во Трнодол и изградба на нова зграда, се вели во новото видео на samoprasaj.mk.

Поради лошото архитектонско проектирање земјиштето еродира, а зелениот фонд е значително оштетен, алармираат жителите и порачуваат дека приоритет на општината треба да биде ревитализација на шумите, а не изградба на згради.

Тие се револтирани и што јавната расправа за ДУП-от била закажана во август и дека до нив била доставена само скица, а не детален план со јасно дефинирани коти.

Видео-прилогот може да се гледа ТУКА.