„Самерленд“ ќе завршува еден час порано и со намалена гласност

Наместо до полноќ, програмата на летниот фестивал „Самерленд“ навечер ќе трае до 23 часот и со намалена гласност, одлучи Град Скопје.

Оваа одлука доаѓа по жалбите на група граѓани од Дебар Маало во однос на бучавата од настаните на фестивалот што се организира во Градскиот парк.

„Самерленд“ во текот на месец јули ќе понуди разни забавни содржини  и активности за сите возрасти во Градскиот парк.