„Сакаме Аеродром да дише“ и вечерва на улиците против новиот ДУП

Граѓанската иницијатива “Сакаме Аеродром да дише“ , и денес (сабота, 08.04), почнувајќи од 18 часот пред Општина Аеродромќе одржи протест против спорниот ДУП И10 и градежната експанзија во општината.

На протестот ќе говорат Христина Шулевска и останати граѓански активисти.

Советот на општина Аеродром во вторникот попладне ненајавено го изгласа новиот Детален урбанистички план И10, со кој се уништува зеленилото кај „Мајчин дом“ и се дозволува изградба на нови станбени објекти на Кејот на Вардар во населбата Острово.

Планот и минатата година беше предложен, но поради настојување и притисок од граѓаните и еколошките организации, не беше усвоен.