Саем за вработување и пазар на идеи во Охрид

Во Охрид денеска се одржува Саем за вработување и пазар на идеи.

Настанот кој ќе има цел да ги соедини работодавците и искусните професионалци со барателите на работа под еден кров ќе се одржи во близина на ТЦ Амам во период од 12 до 15 часот.

Саемот за вработување ги поврзува организациите од различни сектори вклучувајќи владини, невладини, приватни и интернационални на едно место со високо конкуретни и професионални лица кои бараат работа, а со тоа служат како платформа за отворени и широки можности за вработување.

„Веруваме дека Саемот ќе е одлична можност за организациите и комапниите да се претстават и да ги запознаат посетителите со начинот на кој работат, како и да условите што би требало да ги поседуваат кандидатите за вработување или пак за практикантска работа“, велат од Општина Охрид.

Оттаму ги охрабруваат сите заинтересирани лица да го посетат саемот со надеж дека ќе станат дел од големиот број успешни приказни кои произлегле од овој тип на претставување на понудата на пазарот на трудот.