Саем за високо образование во САД организиран во Македонија

EducationUSA Македонија и Амбасадата на САД во Македонија го организираат најголемиот Саем за високо образование во САД организиран во Македонија, кој оваа година ќе се одржи во Скопје на 25 април.

Претставници на повеќе американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Белград и Скопје како дел од Југоисточната EducationUSA Тура која се организира по втор пат после огромниот успех во 2014 кога турата привлече над 2000 посетители. Претставниците на високообразовните институции кои ќе се претстават на Саемот во Скопје ќе одговараат на прашањата на посетителите за нивните академски програми за додипломски и постдипломски студии како и за можностите за стипендии и финансиска помош.

Саемот ќе се одржи во Галеријата на Младинскиот културен центар Скопје од 17:00 до 20:00 часот.

Учеството на саемот е бесплатно, но регистрацијата е потребна поради понатамошна комуникација со потенцијалните студенти како и за увид за бројот и интересите на заинтересираните посетители. Повеќе информации за регистрација на овој саем можете да се најдат тука.

Дел од потврдените учесници на саемот во Скопје се: American University in Bulgaria, Bentley University, Fairleigh Dickinson University, Foothill and De Anza Colleges, John Cabot University, La Roche College, Minerva Schools at KGI, New York Film Academy и други.

EducationUSA претставува мрежа на повеќе од 400 центри за советување во 170 држави во светот, поддржани од Бирото за образование и култура на Стејт департментот на САД, чија цел е поттикнување на меѓусебно разбирање помеѓу граѓаните на САД и граѓаните на другите држави.

Повеќе информации за целиот настан може да се најдат на следниот линк.