Саем за студенти и компании „Job Fair 2015“

Вечерва со почеток во 19 часот на Градежниот и Архитектонскиот факултет ќе биде отворен саемот за вработување „Job Fair 2015“, кој ќе трае до 11 март во организација на БЕСТ- Скопје.

За време на саемот студентите ќе може да им пристапат на претставници од компаниите и да се информираат или консултираат за голем број прашања. Тие исто така, ќе може да присуствуваат на разни предавања, презентации и обуки на теми кои ќе бидат објавени дополнително.

– Настанот е одлична шанса за соработка помеѓу студентите и компаниите. Целта на саемот е да им понуди на студентите квалитетни работни места и пракса од областа на нивната стручност, а на компаниите квалитетен и амбициозен работен кадар, велат од БЕСТ.

Студентите кои се заинтересирани за соработка со компаниите, треба да остават свое CV на официјалната веб-страница на саемот со што кратките биографии потоа стануваат дел од базата на податоци до која пристап ќе имаат сите компани што учествуваат на настаот.