Руските крави добиja VR очила за намалување на анксиозноста

Руска фарма на своите крави им даде наочари за виртуелна реалност во обид да им ја намали анксиозноста, објави BBC.

Кравите добиле адаптирани VR очила на кои им била прикажана симулација на летно поле.

Министерството за земјоделство и храна во Москва направи истражување, за кое велат дека покажало поврзаност помеѓу емоционалното искуство на кравата и нејзиниот принос на млеко. Според првичните тестови, се зајакнало целокупното емоционално расположение на стадото.

Според Министерството, експериментите се случиле на фармата Румолоко во московската област Раменски.

„Примероци од млечни фарми од различни земји покажуваат дека во мирна атмосфера значително се зголемува количеството, а понекогаш и квалитетот на млекото“, се вели во извештајот.

Истражувачите ќе ги испитаат ефектите од програмата во долгорочна студија. Програмерите се надеваат дека ќе го прошират проектот доколку продолжат позитивните резултати.