Русија воведува нови закони за следење на комуникациите што ќе чинат милијарди долари

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нов закон со кој им дозволи на давателите на интернет и телекомуникациски услуги да собираат лични информации на корисниците, кои ќе може да ги чуваат до три години и ќе им ги предават на властите доколку бидат побарани.

Дополнително, сите повици, текстови, слики, и интернет активности ќе треба да се чуваат во период од шест месеци, додека шифрираните пораки преку сервисите како WhatsApp ќе бидат подложени на декрипција од владините агенции, а доколку тоа не биде овозможено се предвидени големи парични казни.

Со овие измени Русија е се доведува во состојба на целосен државен надзор врз комуникациите, реагира дошепнувачот Едвард Сноуден кој не  е импресиониран од ваквите активности.

Во својата реакција тој истакна дека новите закони ќе ја чинат руската телекомуникациска индустријата околу 33 милијарди долари, само за да бидат спроведени.

Легислативата е слична на британските најави за измени на законите за следење на комуникациите кои се уште се разгледуваат во Домот на лордовите и не стапиле во сила. Заеднички особини со новите руски закони се: високите трошоци, потценувањето на количината на податоци кои треба да се запаметат и напорите потребни за да се анализирара и ефикасно спроведе законот, како и големиот товар врз давателите на комуникациски услуги.

Надвор од овие прашања, останува проблематично тоа што законите за следење на комуникациите се користат за да се задуши слободата на изразување на луѓето и да го зголеми нивниот страв од владата и нејзините инванзивни методи, пишува TheNextWeb.