Утре (29-ти ноември), со почеток во 12 часот, на плоштад „Магнолија“ и низ Широк Сокак во Битола ќе се делат презервативи, во знак на 1 декември, Меѓународниот ден за борба со ХИВ/СИДА
Ротаракт клубот од Битола организира целодневна програма во кафулето „Камарите“ која вклучува кратка презентација од доктор/ка за превенцијата и заштита од СИДА, а свое кратко обраќање ќе има претседателот на Ротаракт клуб во Битола, Тони Дранговски. Исто така, ќе се прикаже и краток документарен филм.
Сите активности се отворени за посетитетелите и влезот е слободен.
Програмата вклучува и забавен дел во кој е задолжен бендот Brass Brothers и диџеј ADO од Скопје.