Повеќе десетици романски судии и правници се собраа на синоќа протест пред Апелациониот суд во Букурешт, за да ја заштитат независноста на правосудството кое, според нив, е загрозена со реформата усвоена од левоориентираното мнозинство и силно критикувана од Брисел.
„Тука сум, за да им порачаме на парламентот и на владата дека судската власт е независна и треба таква да остане“, рече судијката Кристи Данилет от Клуж.
„Протестираме против секаква форма на мешање во работата на судиите“, изјавила судијката Алина Паланкану, од судот во Нјамц.
Судиите, повеќето млади, ги осудија законските проекти, кои ја засилуваат контролата на Министерството на правда над обвинителите и ја поткопуваат борбата против криминалот.
Главниот обвинител Аугустин Лазар, за кого министерот за правда, Тудорел Тоадер, покрена постапка за проценка на работата, ја пофали способноста на младите судии да го издржат притисокот.
Социјалдемократската влада во јули издејствува смена на антикорупциската обвинителка Лаура Кодрута Ковеси, која во последниве неколку години испрати многу високи функционери на суд.
Европската комисија и неколку западни амбасади во Букурешт остро ја критикуваа широката судска реформа на владејачките социјалдемократи, тврдејќи дека го поткопува владеењето на правото.