Родители од Лисиче протестираат поради небезбедниот булевар за нивните деца

Граѓани од населбата Лисиче во скопската Општина Аеродром, веќе трета недела, не еден час го блокираат булеварот „12-та Македонска ударна бригада“ со барања до властите да најдат решение за регулирање на сообраќајот на овој булевар по кој се вози со голема брзина.

Протестот го организира Советот на родители при Основното училиште „Димитар Македонски“, загрижени за безбедноста на нивните деца, кои секојдневно, по неколку пати, мораат да го преминуваат булеварот.

„Протестот ќе биде организиран секој работен ден со почеток од 7:00 за да го покажеме нашето незадоволство од тоа што со години никој не презема одговорност за безбедноста на овој булевар. Уште колку луѓе треба да го загубат животот пред некој да се сети на 12-Македонска бригада и граѓаните на населба Лисиче? Бараме од надлежните институции, да го решат овој проблем! Барме итно донесување на сообраќајно решение кое ќе нуди безбедност за жителите на Лисиче!“, стои во повикот за денешниот протест.