Робин Тик избран за „сексист на годината“

Британската Коалиција за спречување на насилството врз жените го прогласи американскиот пејач Робин Тик за „сексист на годината“.

Робин Тик избран за „сексист на годината“

Ваквата неблагодарна „титула“ Тик ја доби поради спотот во кој се „трие“ од полуголи девојки и „поради неговото лигаво исмевање“ во текстот на песната „Blurred Lines“, кој според критичарите предлага дека „силувањето е прифатливо“.

Како награда за „титулата“, Коалицијата на Тик му испрати ваучер за симнување на хитот „R.E.S.P.E.C.T“ на Арета Френклин.

На второто место на листата на „сексист на годината“ се најде премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, пред британскиот политичар Годфри Блум, новинарот на лондонски „Сан“ Том Њутон-Дан и јавниот обвинител Роберт Коловер.

Во годинешниот избор на „сексист на година“ учествувале 60 членови на Коалицијата за спречување на насилството врз жените.