„Репортери без граници“ го осуди судското малтретирање на Фокус

Меѓународната медиумска организација „Репортери без граници“ денеска ја осуди последната пресуда со која Фокус беше казнет со 9.000 евра и ја оквалификува како „судско малтретирање“.

„Репортери без граници“ го осуди судското малтретирање на Фокус

– Репортери без граници силно го осудуваат судското малтретирање на Фокус, една од последните независни публикации во Македонија. Уште еднаш судот во Скопје го осуди Фокус на несразмерно висока парична казна со што, се чини, дека има за цел да се затвори последниот независен неделник во Македонија, се вели во нивното соопштение.

– Ако правдата мора да биде спроведена, и нормално е дека клевета треба да биде санкционирана со закон, судијата мора да има на ум за што тука станува збор: за правото на јавноста да биде информирана од страна на независни извори на информации, кои се сѐ поретки во земјата.

– Во овој случај, ваквиот баланс не е почитуван и слободата на печатот повторно ќе страда. На земја рангирана на 116 место во последниот индекс на слободата на светскиот печат, не и треба уште една деградација, порачуваат од „Репортери без граници“.