Ректорот на Универзитетот во Приштина поднесе оставка по протестите

Ректорот на Универзитетот во Приштина, Ибрахим Гаши поднесе оставка по судирите меѓу полицијата и студентите, кои протестираа обвинувајќи го дека заедно со останатите вработени ја злоупотребуваат оваа образовна институција.

Ректорот на Универзитетот во Приштина поднесе оставка по протестите

Гаши, кој е именуван за ректор од страна на владејачката коалиција, вчера даде изјава на државната телевизија РТК, обвинувајќи ги за случувањата опозициските партии во Косово.

Демонстрантите, главно студенти, го обвинуваат ректорот на Универзитетот и десетици вработени дека објавувале истражувачки трудови во странски списанија. Полицијата во петокот се судри со демонстрантите во Приштина, при што десетици лица беа повредени.

Нови протести на студентите се најавени за следната недела.