Регистрирани 5 нови случаи на Ковид 19, 86 оздравени и едно починато лице

Денеска се регистрирани пет нови случаи на Ковид 19, оздравени се 86 пациенти, а починато е едно лице, информираат од Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 2.531 тестирање, а регистрирани се пет нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 2, Велес, Кавадарци и Берово – по 1.

Регистрирани се 86 оздравени пациент од: Скопје – 31, Куманово и Прилеп – по 12, Тетово – 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 3, Крива Паланка, Демир Хисар и Кратово – по 2, Велес, Кичево и Виница – по 1.

Пријавено е 1 починато лице од Виница (76г) во болнички услови.

Направени се 2.531 тестови преку: ИЈЗ-303, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-35, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-1, Институт за микробиологија–0, МАНУ-52, Жан Митрев (Филип Втори)-57, Авицена-149, Биотек-143, Систина-75, лабораторија Лаор-154, Синлаб-25, Ремедика-13, Плодност–53, Генеа–6, Никоб лаб-417, ВФВ Медикал-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 950.

Досега во земјата се направени вкупно 881.870 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141.

Најголем број активни случаи има во Скопје – 60, Куманово- 10, Тетово- 14, Охрид- 11 и Кичево- 13.