Разрешена директорката на гимназијата „Никола Карев“, продолжува бојкотот во училиштата

Градоначалникот Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата „Никола Карев“ во Скопје откако на социјалните мрежи се прошири снимка каде Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата им се заканува со последици врз учениците ако излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

 

View this post on Instagram

 

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата „Никола Карев“ во Скопје откако на социјалните мрежи се прошири снимка каде Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата им се заканува со последици врз учениците ако излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување. Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест – информира градоначалникот Шилегов. Средношколскиот бојкот продолжува и во втората смена. Ученици ги заземаа училишните дворови и холови барајќи чист воздух. Во моментов, бојкотот на настава е активен во повеќе гимназии меѓу кои: „Орце Николов“, „Васил Антевски Дрен“, „Владо Тасевски“, Михајло Пупин“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ во Скопје. Од Сојузот на средношколци информираат дека бојкот имало и во Гостивар и Куманово, а до редакцијата на Радио МОФ пристигнаа и фотографии од струмички средношколци. #radiomof #мкобразование

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

„Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест“, информира градоначалникот Шилегов.

Средношколскиот бојкот продолжува и во втората смена. Ученици ги заземаа училишните дворови и холови барајќи чист воздух.

Во моментов, бојкотот на настава е активен во повеќе гимназии меѓу кои: „Орце Николов“, „Васил Антевски Дрен“, „Владо Тасевски“, Михајло Пупин“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ во Скопје.

Фото: Владо Тасевски

Фото: Владо Тасевски

Фото: Васил Антевски Дрен

Фото: Раде Јовчевски Корчагин

„Орце Николов“

Од Сојузот на средношколци информираат дека бојкот имало и во Гостивар и Куманово, а до редакцијата на Радио МОФ пристигнаа и фотографии од струмички средношколци. Од Сојузот информираа и дека учениците од средното училиште во Куманово „Гоце Делчев” биле заклучени.

Видео од средно училиште “Гоце Делчев” – Кумамово.

Posted by Unioni i Nxënësve të Shkollave të Mesme – Сојуз на Средношколци на РСМ on Friday, 20 December 2019

Фото: Струмица

Дел од учениците денеска со маски на лице, транспаренти и свирежи решија да не присуствуваат на наставата и да се приклучат на денешниот марш за чист воздух, кој ќе започне во 17 часот пред Министерството за животна средина.