Размена и продажба на плочи во „Концепт 37“

„Време е да се подновите со нови плочи!“, велат од „Концепт 37“, кои ги повикуваат сите љубители на винилот да учествуваат во размената и продажбата на плочи.

Размена и продажба на плочи ќе се случува по трет пат во „Концепт 37“, а настанот е закажан за 7 мај (недела) од 12 часот.

„Поканети се сите ’crate diggers’ и уживатели на звукот кој извира од грамофоните“, стои во поканата за настанот.