Рап музиката станува проблем во Русија, власта воведува мерки за контрола

Загрижен поради се поголемата популарнот на рапот, рускиот претседател Владимир Путин побара од Министерството за култура побара да ја контролираат музиката. Ако не може да ја запреме, тогаш мора да ја насочуваме и контролираме, рече Путин.

Неговиот коментар доаѓа откако десетина настапи на рапери беа откажани, по предупредувањата на официјалните лица кои тврдат дека промовирале погрешни вредности. Путин истакна дека рапот се базира врз три столба- секс, дрога и протести. На средба со советниците за култура Путин предупреди дека обидите да им се забранат настапите на изведувачите би имале спротивен ефект, како и дека само ќе ја зголемат популарноста на рап музиката.

Најмалку тројца музичари неодамна беа притворени бидејќи, според руските закони, изведувачите може да се соочат со парични казни и други форми на одговорност поради непристојност за време на нивните настапи. Преку симболичен гест на помирување, Рускиот парламент најави дека ќе организира натпреварување за најдобра рап-песна на тема патувања во Русија.

Во меѓувреме, музичарите се снаоѓаат и организираат скришни настапи како електронско дуо „Ic3peak“ на Настја Креслина и Николај Костилев . И тоа не е гаранција дека настапот нема да биде прекинат.

IC3PEAK – NOVOSIBIRSK SECRET CONCERT

In Novosibirsk we managed to play a gig in a secret place after we were detained (Nick was actually handcuffed) in police station for three hours in order to prevent us from playing. So we dedicate this concert to the cops, who held us there. We do it despite them and thanks to all of you. Going deeper in Russia now, Krasnoyarsk next </3

Posted by IC3PEAK on Saturday, 1 December 2018

Пред нивниот настап во Новосибирск,полицијата ги чекаше на замрзната платформа штом се спуштија од возот. Им беа проверени пасошите, а Костилев беше врзан со лисици и однесен во локалната полициска станица. Таму полицијата тврдеше дека добила анонимен повик за поседување дрога. Но, Креслина и Костилев, чии експериментални перформанси како електронското дуо IC3PEAK имаат провокативни и мрачни теми, велат дека вистинската причина за нивното апсење е нивната уметност.

За време на нивната турнеја низ цела Русија, која започна минатиот месец , шест од нивните 11 концерти се откажани. Сопствениците на клубовите беа под притисок, и им се закануваа со парични казни и затворање.

„Ние не сме добиле никакви официјални изјави, нема писма, ништо”, изјави Костилев за Асошиетед прес за вознемирувањето. „Ова се само методи на борба против уметноста”.