Рајан Рејнолдс започна кампања Deadpool да биде номиниран за Оскар

Брилијантната и хумористична кампања за филмот Deadpool, кој заработи 135 милиони долари од продажба на влезници само во САД уште првиот викенд после премиерата, продолжува и понатаму.

Актерот Рајан Рејнолдс на Twitter лансираше кампања со која бара Академијата да го вклучи неговиот филм меѓу номинираните. Тој е и еден од продуцентите на филмот, кој не може да биде номиниран за наградата бидејќи е предоцна објавен. Сепак, Рејнолдс „се надева дека Академијата ќе го допише како кандидат“.

Инаку, Deadpool е филм со R-rating (непристоен јазик и сцени, само за возрасни) со најголема заработка досега. Освен заработката од 135 милиони во Северна Америка, Deadpool продаде влезници во вредност од 125 милиони долари во другите земји низ светот.

Fox Studios најавија и продолжение на филмот. Сценариото ќе го пишуваат Рет Рис и Пол Верник, кои работеа и на првиот дел.

Извор: NME