Пукањa во Ел Пасо и Дејтон

Вооружени напади ги потресе Ел Пасо во Тексас и Дејтон во Охајо, при кои загинаа најмалку 29 лица, а повредени се 42 други, соопштија властите.

Во Ел Пасо, полицијата го уапси осомничениот пред продавницата „Волмарт“ во близина на трговскиот центар Сиело Виста, на осум километри од граничниот премин со Мексико.

Полицијата потврди дека 21-годишен белец од Ален, Тексас, е единствениот напаѓач.

Се истражува дали тој го најавил нападот на Интернет. Во „Манифестот“ кој кружи на социјалните мрежи се споменува дека лицето било против „шпанска инвација“ и дал поддршка на напаѓачот кој пукаше во две џамии во Нов Зеланд во март, при што загинаа 51 лице.

Но, само неколку часа по смртоносниот напад во Тексас, во Орегон се случи уште еден вооружен напад. Оваа област е популарна меѓу туристите и локални жители.

Фото: CNN

Медиумите пренесуваат дека напаѓачот бил убиен од полициските службеници, а повредените се пренесени во околните болници.