„Птици“ на Алфред Хичкок ќе стане серија

Култниот филм на Алфред Хичкок „Птици“ ќе се појави како телевизиска серија во продукција на британската телевизија Би-Би-Си.

Серијата повеќе ќе се потпира на оригиналниот роман на Дафне де Мориe, отколку на познатиот филм.

Дејствието наместо во Калифорнија од 60-тите години од минатиот век ќе се одвива во Корнвол по Втората светска војна.

Автор на сценариото е ирскиот драмски писател Конор Макферсон, кој претходно делото го адаптираше за во театар.