Прва Парада за права на животните во недела

Шепологија“ е целодневен настан кој во недела ќе започне пред Собранието во 13 часот со парадирање, па до Градскиот парк каде ќе се одржат повеќе активности.

Пред Школка ќе има музичка забава за која ќе се погрижат DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park и DJ Set C2 Brothers.

„Во време кога светот брза и немаме време за емпатија, решивме да застанеме на барем еден ден и да ја покажеме убавата страна на имањето животно покрај себе“, велат организаторите.

„Да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг“, апелираат тие.